Лукаку: Заклучен сум… веќе полудев!

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, признава дека исклучително тешко ја доживува изолацијата во својот дом како превентива од коронавирусот.

„Заклучен сум. Не можам надвор, на можам дури ниту до маркет. Еден ден речиси тотално полудев, ми доаѓаше да избегам некаде“ – вели Лукаку, кој нагласува дека му недостасува дружењето со семејството.

„Мајка, син, брат… Размислувам за нив, а посебно ми е тешко за мојата мајка која има дијабетес. Не можам да одам кај неа и да ја прегрнам“ – дополнува Лукаку, кој вели дека препораките, сепак, мора да се почитуваат.

Се вчитува...