Официјално: Скопскиот маратон одложен за 4. октомври

Една од најголемите спортски манифестации во Македонија, Скопскиот маратон е одложен за 4. октомври поради пандемијата од коронавирусот потврдија организаторите.

„16-то издание на Виз Ер Скопски маратон се одложува за 4 октомври 2020. Иако подготовките на организацијата на маратонот со нашите покровители, партнери и спонзори траат во текот на целата година, иако Вие тркачите исто како и ние се подготвувате за вашата омилена трка, сепак некои работи не можеме да ги контролираме во одредени ситуации, но веруваме дека на крај сите ќе излеземе победници и дека заеднички ќе ја пребродиме оваа ситуација. Заради влошувањето на ситуацијата со коронавирусот, COVID-19, како нај нас така и во светот, и заради почитување на мерките кои ги презема нашата Влада заедно со институциите и препораките од Светската здравствена организација, Сојузот на спортови на Скопје како организатор на Виз Ер Скопскиот маратон кој беше планиран за 10 мај 2020, донесе одлука трката да се одложи за 4 октомври 2020 година“, стои во соопштинето на организаторот.

Организаторите веруваат дека светот ќе ја преброди кризата и Скопје повторно ќе биде домаќин на маратонци од целиот свет.

Се вчитува...