Каратистот Павлов тренира во карантин и порачува „Останете дома“ (ВИДЕО)

Најдобриот спортист на Македонија Емил Павлов во карантин продолжува со своите тренинзи за остварување на сонот и пласман на ЛОИ во Токио. Поради пандемијата квалификацискиот турнир за пласман на собирот на најдобрите спортисти во светот кој требаше да се одржи во месец мај во Париз е одложен за во јуни. Тој подготовките за овој турнир поради пандемијата ги продолжува во својот дом од каде порачува сите да останеме дома.

Се вчитува...