Фудбалот во Европа е под карантин поради пандемијата на коронавирусот, а иако УЕФА објави дозволи делумно одложување на лигите, побара сепак тие да завршат до 30.јуни. Но, епидемиолозите не се согласуваат и велат дека воопшто нема да има фудбал до крајот на 2020 година.
Вирологот Јонас Шмит-Ханасит ја искажа најцрната прогноза дека Бундес-лигата нема да продолжи до крајот на оваа година.
„Мислам дека нема никаков смисол да се зборува дека повторно ќе се игра фудбал во април или во мај. Ниту без публика на стадионите тоа нема да биде возможно затоа што луѓето ќе се собираат по домовите за да ги гледаат натпреварите. Ако јас се прашувам, фудбалот ќе се врати дури следната година и оваа сезона не е реално да заврши“, изјави германскиот епидемиолог, Јонас Шмит-Ханасит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА