Тошиќ ја претепал Карлеуша, интервенирала и српската полиција

Српската фолк-пејачка Јелена Карлеуша денеска во 18 часот го пријавила во полиција својот сопруг, фудбалерот Дарко Тошиќ за семејно насилство, пренесува српски „Блиц“.

Карлеуша, која била со видливи траги од физичко насилство, одбила лекарска помош. На полицијата која интервенирала во нивниот стан и рекла дека веќе подолго време трпи насилство, но ова денеска ги надминало сите граници. Од страна на српската полиција има само кратко соопштение во кое се нагласува дека случајот се истражува, по што ќе следи официјална информација.

Пејачката и претходно потенцираше дека му дала безброј шанси на Душко и дека кон него е исклучително попустлива. Но, факт е дека проблемите во нивниот брак дополнително се засилија по аферата на Карлеуша со репрезентативецот на БиХ, Врањеш.

Сепак, и по сета таа драма, двајцата одлучија да не се разведат…

„Се уште верувам дека сопружници треба да останат заедно поради децата“ – изјави Карлеуша неодамна.

 

Се вчитува...