„Лавина“ по претседателот на Лацио: Ако на Лотито му треба оваа проклета титула, ете му ја…

Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито инсистира што порано да се продолжи со тренинзите затоа што сака продолжување на Серија А, со оглед на фактот дека неговиот клуб е еден двата сериозни кандидати за титулата.

Лацио има шанса по подолго време да се бори за титула, а Лотито не сака да ја пропушти таа можност. Но, неговото срамно однесување наидува на се поголем револт во фудбалска Италија. Претседателот на Каљари, Масимо Челино веќе не бира зборови, револтиран од односот на Лотито…

„Оваа сезона веќе е готова. Сега треба да мислиме само како да преживееме, а кога е фудбалот во прашање да оставиме се за следната сезона. Серија А нема да се игра сезонава, можеби поединци уште не сакаат да го разберат тоа. Ако Лотито толку го сака тоа скудето, ете му го. Убеден е дека има непобедлив тим, и нека продолжи да живее со таа идеја. Ако толку ја сака таа проклета титула ете му ја нека ја земе“ – вели Челино кој е еден од оние кои покренаа и иницијатива за намалување на платите на фудбалерите, затоа што во период кога нема приходи не може да има и плати. Барем не такви на какви си се научени фудбалерите од Серија А.

Се вчитува...