Ацо Петровиќ: Заборавете на Олимписките игри, светот има многу поголема мака

Хрватската кошаркарска легенда, Ацо Петровиќ, смета дека одржувањето на Летните олимписки игри во Токио во јули е бесмислено и оти ИОК треба што поскоро да соопшти дека ги откажува или ги одложува. Петровиќ кој е селектор на Бразил требаше да ја предводи неговата селекција на олимписки квалификациски турнир во Сплит. Но, со оглед на ситуацијата тој е во Хрватска, и тоа поради сосема поинакви причини. Вели оти поради пандемијата со коронавирусот неизвесно е кога воопшто ќе се врати во Јужна Америка.

„Во старт беше направена голема грешка. Луѓето кои се одговорни за најголемата спортска манифестација, а Олимписките игри се токму тоа, требаше да излезат и први да ја преземат одговорноста и да кажат дека ги откажуваат Игрите. Како што направи УЕФА. На тој начин на сите останати спортови, а јас зборувам најмногу од перспектива на кошарката, ќе им се овозможи да ги завршат првнествата. Вака сите знаеме или поточно секој рационален знае дека Игрите не може да се одржат. Се остатанато е ноевско забивање на главата во песок. Не сакам воопшто да мислам какво сценарио ги чека двете Америки во следниве месеци. Пред се тука мислам на САД за кои сметам дека не ја сфаќаат ситуацијата доволно сериозно, а нивниот здравствен ситем не е како тој во земијите од Европа“ – вели Петровиќ во интервју за хрватските медиуми.

Хрватска има дополнителни големи проблеми со оглед на земјотресот кој го погоди Загреб утрово. Градот се соочува со големи материјални штети и лица на кои им е потребно болничко згрижување.

 

Се вчитува...