Токио сепак прави алтернативни планови за одложување на ЛОИ Токио

Организацискиот комитет на Летните олимписки игри во Токио сепак почнал да прави алтернативни планови за одложување на најголемиот спортски собир предвиден за 2020 година. Иако ИОК соопшти дека засега нема поместување на Игрите, а јапонската влада и натаму тврди дека ОИ треба да се одржат според планот, неименуван извор, член на Организацискиот комитет признава дека е побарано да се напрви план Б.

„Конечно ни беше побарано да направиме симулација за во случај на одложување. Правиме алтернативни планови Б, Ц и Д. Разгледуваме различни опции за одложување во различни временски периоди“ – вели членот на Организацискиот комитет.

Поконкретна одлука се очекува на крајот од овој месец. Можностите за одложување кои се во игра се од една до две години или во најдоброто сценарио од еден месец до 45 дена.

Се вчитува...