Лионел Меси, Жерард Пике, Серхио Бускетс и Серџо Роберт на состанокот со раководството на Барселона се согласиле на намалување на платите на фудбалерите се додека првенството во Шпанија не продолжи, пренесува „Мундо депортиво“.
Барселона троши 53% од годишниот буџет, или околу 552 милиони евра, на плати. Со оглед на фактот дека приходите значително се намалија поради коронавирусот, раководството се обидува да направи се што е во нејзина моќ да спречи огромни загуби. Меси прв потенцирал на состанокот дека нема ништо против да му се намали платата, а неговиот пример го следеле и останатите присутни фудбалери. Сите веруваат и дека целиот тим на Барселона ќе се согласи на намалување на платата се додека фудбалската игра не продолжи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА