Баерн Минхен сака да го „украде“ Тер Штеген

Германскиот првак Баерн Минхен е подготвен да плати 40 милиони евра и да го купи првиот голмански избор на Барселона, Марк Андре Тер Штеген. Германскиот репрезентативец отпочна преговори со раководството на каталонскиот клуб за продолжување на соработката, но се чини дека и не е најзадоволен од понудата со која би требало да остане на „Камп Ноу“ до 2024 година.

Барселона му нуди 6,5 милиони евра годишна плата на Тер Штеген, а Баерн Минхен е подготвен да влета со понуда од 8 милиони евра по сезона. По најновата ситуација со коронавирусот која значително ќе ги намали приходите на клубовите, сигурно дека и понудите за фудбалерите нема да бидат така големи како пред кризата.

Баварскиот гигант веќе го договори трансферот на Нубел од Шалке, а евентуалното доаѓање на Тер Штеген ќе значи и дефинитивно заминување на Мануел Нојер од „Алијанц Арена“.

Се вчитува...