Лука Дончиќ е избран за дел од дрим-тимот на деценијата на Евролигата, беше соопштено денеска на веб-страницата на елитното европско кошаркарско натпреваруање. Тој е третиот кошаркар што е избран во идеалната петорка, по поранешниот ас на Барселона, Хуан Карлос Наваро, и членот на ЦСКА Москва, Кајл Хајнс.
Лука Дончиќ дебитираше во Евролигата во сезоната 2015/16, на само 16-годишна возраст. Три сезони беше дел од ова натпреварување, а во дресот на Реал стигна до пехарот на Евролигата на фајналфор турнирот што се одржа во Белград во 2018 година.
Таа сезона Дончиќ беше избран за најкорисен кошаркар во Евролигата, со што стана најмлад МВП во историјата на ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА