Сега веќе е официјално, во Франција нема да се игра ракомет до крајот на сезонава откако Ракометната Федерација на вечерашниот состанок реши да ги откаже сите првенства.
Французите најпрвин ги одложија натпреварувањата на 12 март, на неодредено време, но ширењето на коронавирусот јасно стави до знаење дека нема шанси паузата да биде прекината во блиска иднина. Во таква ситуација, вечерва беше донесена конечна одлука за целосен прекин на натпреварувањето и прогласување на предвремен крај на сезоната. Притоа, одлучено е да не биде доделена шампионска титула ниту во машка, ниту во женска конкуренција, со оглед на фактот дека ниту еден тим до моментот на прекинот математички го немаше осигурано првото место.
ПСЖ беше лидер на табелата до моментот на прекин со вкупно 35 бода, шест повеќе од второпласираниот Нант за кој настапува македонскиот капитен Кире Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА