Конечно разјаснето: Тошиќ не ја тепал Карлеуша, полицијата доаѓала да го контролира неговиот задолжителен карантин

И покрај пишувањата на српски „Блиц“ дека српската поп-фолк пејачка Јелена Карлеуша го пријавила својот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ за физичко насилство, сепак утврдено е дека ништо од тоа не е вистинито.

Информациите најпрво ги демантираше самиот Тошиќ а потоа и Карлеуша соопшти дека полицијата во нивниот дом доаѓала за да го контролира карантинот на фудбалерот кој е во задолжителна самоизолацијата по враќањето од Кина, поради пандемијата на коронавирусот.

За се да биде разјаснето Карлеуша објави и заедничка фотографија од нив двајцата од нивниот дом.

Во меѓувреме објави и фотографија дека не мора да биде досадно во самоизолација денови…

 

 

View this post on Instagram

 

Me after I eat all of my quarantine snacks in one night ?

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Се вчитува...