Во периодов на пандемија на коронавирусот на светско ниво постојано има теории околу тоа како се појавила опасноста и од каде потекнува вирусот. Иако научниците потврдуваат дека вирусот има природно потекло, теориите на зговор и натаму се многу актуелни, особено во интернет просторот. Од друг страна има и такви кои сметаа дека појавата на коронавирусот е своевидна правда кон Западниот свет. На таков став е поранешната олимписка и светска шампионка во гимнастика, Светлана Коркина.
„Според мене сето ова се случува затоа што Русија и спортистите од нашата земја се лути. Не е случјаност што нашата химна вели „Боже чувај ја нашата земја“. COVID-19 се појави поради лажните обвинувања и поради политичките потези против нашата земја што доведе до дисквалификација на нашите псортисти поради допинг. Русија треба да го искористи одложувањето на Олимписките игри за да ги одбрани своите спортисти пред Арбитражниот спортски суд во Лозана и да се врати во комплетен состав во сите дисциплини“ – изјави Коркина.
Сепак Русија не е поштедена од коронавирусот. Во моментов во земјата има 650 заразени и три смртни случаи. Државата веќе презема рестриктивни мерки со кои се обидува да спречи ширењето на вирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА