Томас Бах: Олимписките игри ќе бидат светлина за луѓето по светската пандемија

Во минатото за Олимписките Игри се одложуваа војните. Но, пандемијата на коронавирусот која ја нападна планетата сепак го одложи најголемиот спортски настан за една година. Донесена е одлука Летните олимписки игри во Токио да се одржат следното лето. Здравјето на луѓет во овие моменти е најважно, а со одложувањето ќе бидат заштитени и сите спортисти.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, верува дека ЛОИ Токио на човештвото ќе му послужат како мелем за раните.

„Светот минува низ еден многу тежок период, најтешкиот во изминатиот век. Сега треба да сме фокусирани на здравјето на луѓето, од такви причини и одлучивме сепак Олимписките игри да бидат одложени за идното лето. А тогаш токму ЛОИ Токио ќе бидат светлината за луѓето по светската пандемија“, изјави Томас Бас во интервјуто за „Газета дело спорт“.

Се вчитува...