Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина потврди дека Серија А ќе добие шампион сезонава. Тој на сите начини гледа да ја комплетира сезоната, која беше прекината поради пандемијата од коронавирусот.
„Имаме план кој ни е приоритет. Сите ќе бидеме среќни ако сезоната заврши на терен. Во контакт сме и со ФИФА. Првата цел е да заврши сезоната до 30. јуни, ако тоа не успее ќе се обидеме да заврши до 30. јули. Мораме да се вклопиме со правилата кои доаѓаат од политичкиот врв. Ако не можеме да играме ќе донесеме одлука според она што се случуваше до суспензијата“, изјави Гравина
Според моменталниот пласман Јувентус повторно би бил шампион на Италија, а во Лигата на шампионите учество ќе обезбедат Лацио, Интер и Аталанта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА