Белгискиот репрезентативец кој е дел од Тотнехем, Тоби Алдерверелд без многу помпа, далеку од очите на јавноста спроведува акција за помош со која во кризниот период со коронавирусот им се овозможува на повозрасните лица кои се во домашна излоација, во старечки домови или болници да бидат во контакт со семејствата. Тој купува и донира таблети. Идејата ја добил од татко му кој го потсетил дека поради забраната за посети во старечките домови која е во сила во Белгија, луѓето кои се таму не можат да контактираат со семејствата.
„Ние во Велика Британија сме малку поназад со коронавирусот во одност на остатот од Европа. Јас во контакти со пријатели и блиски во Белгија, холандија и други земји уште претходно бев веќе свесен за критичната ситуација. во консултација со татко ми околу тоа како да помогнеме решивме да купуваме таблети за повозрасните лица кои немаат телефони со интернет и им ги доставуваме во домовите или во болниците и тоа можат да бидат во контакт со нивните блиски и да си разговараат со нив. Драго ми е што акцијата добива поддршка особено од луќето на кои им помогнавме“ – вели Андерверелд.
? ‘When you are sick, you want your loved ones close to you’
? This is absolutely brilliant from @AlderweireldTob
? The @SpursOfficial defender is buying dozens of tablets to give to hospitals & nursing homes, so loved ones can stay in touch
?: https://t.co/7njdBn0lTP pic.twitter.com/phigyLyZTo
— BBC 5 Live Sport (@5liveSport) March 29, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА