Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, решил да почне со видео тренинзи. Со оглед дека крај на прекинот на сезоната не е на повидок поради развојот на коронавирусот во Велика Британија, португалскиот стратег и неговиот тим преку видео-врска ќе им дават инструкции за тренинзи на фудбалерите со цел да ја одржат формата, а да бидат испочитувани мерките со социјална дистанца.
И досега фудбалерите на Тотенхем имале индивидуални програми според кои работеле, а сега Мурињо решил тренинзите да станат поинтензивни. Во Англија фудбалот е под суспензија најмалку до 30. април, а извесно е дека сезоната нема да може да продолжи ниту во мај, а се повеќе спорен е и јуни.
Во Велика Британија има над 19.000 потврдени случаи на заболени лица од коронавирусот, 1.228 се веќе починати. Државата е под строги, рестриктивни мерки за движење на населението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА