Фудбалската асоцијација на Англија го понудила и веројатно идејата ќе биде прифатената, Вембли да биде ставен на располагање на здравствениот систем. Легендарниот стадион би бил искористен како привремена база за здравствените работници, но и како импровизирана болница. Со ова ФА се приклучува во акцијата на уште неколку федерации кои ги понудија стадионите како помош во борба со коронавирусот.
Вембли се наоѓа на помалку од пет километри од болницата која е средиште на битката со коронавирусот и која прогласи „критична состојба“ откако имаше наплив на паценти инфицирани од COVID-19.
Во меѓувреме и Манчестер Сити веќе договри „Итихад“ да биде искористен за потребите на НХС (државниот здравствен систем). Челси го отстапи хотелот кој е дел од комплексот „Стемфорд Бриџ“ за здравствените работници да не мора да патуваат до дома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА