Карим Бензема е исклучително активен на социјалните мрежи, а во перидот на карантин, самоизолација и социјално дистанцирање оваа активност е поизрасезна. Во изминатите денови играчот на Реал Мадрид имаше неколку виедо сесии на социјалните мрежи на кои имаше и интеракција со навивачи. Највпечатлив дел од оваа комуникација беше прашањето за споредбата со Оливи Жиру.
„Не спроедувајте Формула 1 со картикг. Уште и суп пристоен. Јас знам дека јас сум Формула 1. Тоа што тој го прави не е восхитувачко ниту спектакуларно, но има свој улога. Дали им се допаѓа на сите начинот на кој игра? Не верувам“ – одговори Бензема.
Оливе Жиру за Франција има 91 натпревар и 39 гола, додека Бензема на 18 натпревари помалку постигна 12 голови помалку. Бензема веќе пет години, по сеџ-скандалот со Валбуена не е во француската фудбалска репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА