Менаџерот на Манчестер Јунајтед Пеп Гвардиола призна дека фудбалот многу му недостасува. Поради пандемијата од коронавирусот Премиер-лигата е суспендирана до 30. април, а фудбалерите и членовите на тимовите се во изолација.
„Ми недостига фудбалот и животот кој го имавме до пред некоја седмица. Но, сега мораме да ги почитуваме правилата кои ни ги препорачуваат докторите. Ќе се вратиме посилни, но и малку подебели. Останете дома и бидете безбедни“, изјави Гвардиола.
За потсетување шпанскиот стратег донираше милион евра на Шпанија во борбата со Ковид-19. Донацијата е наменета за Медицинскиот факултет во Барселона и Анхел Солер Данијел фондацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА