Почна кратењето и за возачите во Формула 1

Тимот на Мекларен е првиот во Формула 1 кој соопшти дека возачите ќе добијат помали плати во перидов на светска пандемија на коронавирусот. Ландо Норис и Карлос Саинц ќе имаат помали плати, а тимот испрати и дел од вработените на „принуден одмор“ од три месеци. Ова велат од Мекларен се мерки за спасување работни места, но на краток рок. Тимот ќе ги искористи и мерките за помош за плати на вработените кои ги овозможува британската влада.

Возачите доборволно одат на намалени плати, останатите вработени кои не се испратени дома исто така ќе добиваат помалку паrи. Мекларен е првиот Ф1 тим кој почна со мерки за намалување на трошоците. Од оsтанатите тимови засега нема вакви информации, но има најави декa и друgите екипи ќе мора да почнат со мерки на кратење со оглед на големите финансиски загуби откако сезоната речси половина е откажана. Првиоте осум трки се или откажани или одложени.

Тимовите губат пари по неколку основи. Парите што како награди ги добиваат тимовите доаѓаат главно од три извори, надоместот за организација на трки, телевизиските права и спонзорските договори на Ф1. Дополнително тимовите имаат и свои независни договори за спонзорирање.

 

Се вчитува...