Пауло Дибала и Кристијано Роналдо реализираа навистина убава соработка со Јувентус, па во една прилика од Шпанија беше пуштена шпекулацијата дека Роналдо единствено е задоволен од играта на Аргентинецот во клубот.
Кога Португалецот летото 2018 пристигна од Реал Мадрид на играчите на Јуве им беше на почетокот необично непознавајќи го Роналдо.
„Му реков: ‘Кристијано, ние во Аргентина малку те мразиме. Поради твојата фигура, начин на живот, начинот на одење…’ Но, не изненади, затоа што играјќи со него открив нешто сосема друго. Роналдо на тоа ми одговори: ‘Знам дека сум таков, но со таквите нешта научив да се носам во текот на кариерата’“ – вели Дибала.
Аргентинецот, заедно со својата девојка, во моментов се опоравува од коронавирусот. Дибала е еден од тројца фудбалери на италијанскиот шампион кој беше заразен, покрај Матуиди и Даниеле Ругани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА