Франција, со повеќе од 3.500 починати лица досега, е една од најпогодените европски земји во битката со коронавирусот. Французите деновиве силно тагуваат по 68-годишниот Папа Диуф, поранешен претседател на трофејниот Олимпик Марсеј, една од најомилените личности во фудбалска Франција.
Папа Диуф е поранешен новинар кој ја презеде и претседателската функција во најславните денови на Олимпик Марсеј, како прв црномурест претседател на фудбалски клуб во Франција. Диуф почина во Дакар, главниот град на Сенегал, од коронавирусот, каде престојувал во моментов. Тоа е и првиот смртен случај од Ковид-19 во оваа земја.
Пред два дена се било договорено Папа Диуф од Дакар да биде префрлен во француската болница во Ница. Но, состојбата неочекувано се влошила, по што итно бил ставен на систем за механичко дишење, но докторите во Сенегал не успеале да го спасат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

