Фудбалерот на Челси Калум Хадсон-Одои порача дека се чувствува одлично откако се опорави од коронавирусот. Младиот фудбалер беше првиот во Премиер-лигата кој се зарази со вирусот. Неодамна менаџерот Френк Лампард потврди дека 19-годишникот успеа да ја победи болеста.
„Се чувствувам одлично. Имав ковид-19, но веќе не. Одлично сум. Се се случи толку брзо. Не можев да замислам дека вирусот ќе влијае на толку луѓе во светот. Сите мора да внимаваат, се надевам дека наскоро се ќе се врати во нормала“, изјави Одои.
Поради пандемијата од коронавирусот суспендирани се сите спортски натпреварувања во светот, а Премиер-лигата ќе се врати на програмата дури кога ситуацијата тоа ќе го дозволи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА