Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклстон засега има три жени и три наследници, а сега на пат е да си добие уште еден.
Иви Бамфорд, Славица Радиќ и сега Фабијана Флоси беа негови животни сопатнички, а Дебора (65 години), Тамара (35 години) и Петра (31 година) се негови ќерки. Сега ќе го добие првиот син на свои 89 години. Актуелната негова сопруга, 44-годишната Фабијана Флоси, со која е во брак од 2012 година, треба да се породи во јули.
Берни во моментов со семејството е во Бразил на својата фама во близина на Сао Паоло. Тој е инаку и дедо на пет дечиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА