Легендарниот италијански фудбалер Алесандро дел Пјеро истакна дека Пауло Дибала е подготвен да ја носи капитенската лента во Јувентус.
„Дибала стана комплетен фудбалер. На неколку натпревари ја носеше капитенската лента и со тоа покажа дека е подготвен за таа улога, која треба да му биде доделена. Лично го познавам и можам да констатирам дека тој во последната година многу созреа. Знам дека е голем работник и поради тоа сега е комплетен фудбалер“, изјави Дел Пјеро.
Дибала во Јувентус дојде во 2015 година од редовите на Палермо. Во текот на летото се поврзуваше со премин во Манчестер Јунајтед и Тотенхем, но сепак тимот од Торино реши да го задржи во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

