Само ден откако УЕФА им препорача на националните сојузи да не ги завршуваат првенствата согласно актуелниот распоред на табелите по прекинот поради пандемијата на коронавирусот, Белгија донесе спротивна одлука контра Европската куќа на фудбалот.
Нивната Про-лига објави крај на првенството, а титулата ја доби Бриж кој во моментот на прекин е водечки на табелата, со 15 бода предност во однос на второпласираниот Гент. На тоа, секако, полудеа и Шарлерој и Антверпен, кои имаат само бод односно два помалку од Бриж. Околу останатите позиции и борбата за Лига Европа одлука се уште нема, затоа што за тие места секако има доигрување.
На сето ова веднаш реагираше УЕФА. Во писмото на кое е потпишан претседателот Александар Чеферин, како и првиот човек на ЕКА, Андреа Ањели, се истакнува дека одлука каква што е онаа во Белгија е избрзана и неправедна.
„Учесниците во европските купови за следната сезона тоа право ќе го стекнат со резултати на крајот од претходната сезона во домашните натпреварувања и тоа само тогаш кога ќе се одигра во целост. Затоа прераното прекинување на сезоната значи неисполнување на наведените услови за играње во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа“ – се вели во соопштението од УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА