Асоцијацијата на фудбалери од шпанската Ла Лига не се согласува со предлогот на челниците на највисокиот натпреварувачки ранг за висината на намалување на платите. Од состанокот на капитените на екипите и Асоцијацијата на играчи произлезе зкалучок дека намалувањето оод 46 до 49 проценти што го објави претседателот на Лигата, Тебас е нерпифатливо.
Играчите прифаќаат намалување од околу осум до десет проценти во ситуација ако првнеството биде завршено, а сметаат оти намалувањето треба да биде и помало ако сезоната биде комплетирана со оглед на тоа што носителите на ТВ правата сооошштија дека ќе ја исплатат комплетната сума ако има продложување на сеозната во било каква форма.
Ла Лига во четвртоткот ги соопшти бројките за плановите за намалување на плтaите, Асоцијацијата на играчи веќе по 24 часа и одржан состанок со капитените има сосема поинаков став. Преговорите продолжуваат и во следните денови треба да биде најдено решение кое ќе им одговара на сите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

