Тројца фудбалери на Фиорентина го победија коронавирусот

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина објави дека тројца од заболените фудбалери успеале да го победат коронавирусот. Патрик Кутроне, Герман Пецела и Душан Влаховиќ имаат негативни тестови на Covid-19 на најновото тестирање.

„Фиорентина со задоволство известува дека по извршените клинички тестови во последните неколку дена, фудбалерите Патрик Кутроне, Герман Пецела и Душан Влаховиќ се негативни на Covid-19. Би сакале уште еднаш јавно да им се заблагодариме на сите доктори, медицински сестри и сите здравствени работници кои во овие тешки моменти несебично се грижат за здравјето на сите останати“, објавија од Фиорентина.

Тројцата излекувани фудбалери полека ќе се вклучат и во тренажните активности на Фиорентина кои сега се одвиваат индивидуално, во домашна изолација.

 

Се вчитува...