Меѓу 555 заболени од коронавирусот во Македонија се наоѓа и првиот спортски работник. Станува збор за проф. Љубиша Пешко, поранешен македонски и југословенски репрезентативец во борење, а сега селектор на македонската репрезентација во грчко-римски стил, но и претседател на боречкиот клуб Вардар.
Тој е хоспитализиран, но се чувствува добро и засега нема силни симтоми од Covid-19.
Љубиша Пешко беше сениорски репрезентативец на Македонија под водство на Насе Насевм, настапуваше за Спартак Руен и за Бучим Јака, а потоа навлезе и во тренерските води.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА