Германскиот првак Баерн Минхен ги напушта „сајбер-тренинзите“ и се враќа на терен. Тренерот Ханси Флик верува дека тимот би можел да продолжи да тренира на малку модифициран начин, но, сепак, во базата на клубот. Од почетокот на новата седмица баварскиот клуб ќе одржува тренинзи во мали групи, на четири игралишта по петмина фудбалери. Сепак, фудбалерите ќе можат да тренираат на многу поголем простор, но да работат и со топка.
Флик планира веднаш по тренингот секој фудбалер да замине дома со автомобил и таму да се тушира. Исхраната исто така ќе се одвива во домашни услови, но ќе биде подготвена од вработените во клупскиот ресторан.
Првиот човек на клубот, Карл Хајнц Румениге, очекува првенството во Бундес – лигата да биде комплетирано во целост. До крајот на шампионатот остануваат девет кола, а Баерн Минхен има четири бода предност на врвот на табелата во однос на Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА