Првите ѕвезди на францускиот шампион Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе и Нејмар остануваат во клубот и следнат сезона, пренесува Л’Екип. Мбапе се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, додека Нејмар со враќање во Барселона.
Сепак, сето ова е демантирано од страна на раководството на францускиот шампион, кој сака да ги задржи своите први две ѕвезди и по завршувањето на пандемијата од коронавирусот, да се обиде да стигне до трофејот во Лигата на шампионите.
Од УЕФА сезоната во европските натпревари сакаат да се заврши, а ПСЖ е веќе учесник во 1/4 финалето од Лигата на шампионите откако во 1/8 финалниот двомеч ја елиминираше германската Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА