ФИФА ќе го продолжи траењето на актуелната сезона 2019/20 на неограничен период. Со ова на секоја земја поединечно ќе и биде овозможено да одреди кога ќе го продолжи првнеството и останатите натпреварувања. Се очекува оваа одлука да биде објавена во следните два дена.
Исто така ФИФА ќе направи промени и во термините за претстојниот трансфер прозорец со што ќе им биде овозможено на играчите договорите да им бидат продолжени и по 30.јуни. Ова е обиде на ФИФА да воведе флексибилност околу одлуките во секоја држава поединечно за тоа кога би можеле да бидат продолжени сезоните што секако ќе биде поврзано со кризата проади коронавирусот.
Од друга страна ова ќе биде и начин да се избегне обврската големите лиги да треба да враќаат пари на носителите на ТВ правата поради евентуално неоидигрување на проестанатите натпревари од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА