ФБИ повторно обвинува: Катар го добил СП 2022 година со корупција

Нови обвиненија за корупција во највисоките редови на ФИФА поврзани со гласањето за домаќини на Светските првенства во Русија и во Катар објавува американското ФБИ. Агенцијата тврди дека високи членови на Бордот на ФИФА земале мито во замена за гласови за Русија и за Катар.

Последните две обвиненија се однесуваат на Николас Леоз поранешниот претседател на Јужноамериканската конфедерација и за поранешниот претседател на бразилската федерација, Рикардо Тешеира. Двајцата наводно зеле пари во замена за гласови во корист на Катар. Леоз почина минатата година во домашен притвор во Парагвај додека се бореше да избегне екстрадиција во САД. Беше доживотно суспендиран од ФИФА како дел од истрагата на асоцијацијата поврзана со наводите за корупција.

Од друга страна, ФИФА ги ослободи Русија и Катар од вина во интерната истрага. Со оглед дека првенството во Русија веќе се одржа под притисок сега потворно е шампионатот во Катар кој треба да се одржи во ноември 2022 година.

Организациските комитети од двете држави одбија да дадат коментар на темата. Но, ФИФА сега повтроно е под голем притисок околу Светското првенство во Катар со оглед дека се поголем број поранешни функционери на организацијата се под обвинение за земање поткуп во корист на следниот домаќин на мундијалот. Гласањето беше пред речиси 10 години, но првпат јавно за ова почна да се зборува во 2015 година кога ФБИ отвори истрага.

Се вчитува...