ФИБА Европа денеска донесе очекувана одлука, одложувајќи ги сите младински шампионати што требаше да бидат одржани под капата на оваа организација во текот на летото 2020 година. Во период на огромни ризици и опасности поради коронавирусот, донесена е одлука сите шампионати да се презакажат за 2021 година.
Притоа, на сите домаќини во 2020 година ќе им се овозможи приоритет да бидат домаќини на истите турнири во 2021 година, доколку сакаат да го сторат тоа. Во спротивно, ќе биде обновена постапката за кандидатура за организација, во текот на есента 2020 година. Со цел барем да се намали финансискиот ефект предизвикан од откажувањето на летните настани, Бордот се согласи дека ФИБА Европа ќе ги плати во целост таксите за учество на младите на сите национални федерации. Исто така, ФИБА Европа ќе одржува отворена линија со сите организатори на летните настани во врска со таксите и перспективата за 2021 година.
Ова значи и одложување на европскиот шампионат за играчи до 16 години – А дивизија, што летово требаше да се одржи во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА