Обрадовиќ си оди од Фенербахче, ја презема клупата на Барселона

Жељко Обрадовиќ се разделува со Фенербахче. турскиот весник „Сабах“ денеска сензационално најави дека најтгрофејниот кошаркарски тренер на крајот од оваа сезона дефинитивно ќе го напушти Фенербахче.

Според најавите, Обрадовиќ најпрво една година ќе одмора, а потоа ќе седне на клупата на уште еден европски кошаркарски гигант, Барселона. Наводно, Обрадовиќ веќе е договорен со каталонскиот тим.

На местото на Жељко Обрадовиќ, пак, на клупата на Фенербахче треба да дојде стратегот на Жалгирис, Шарунас Јасикевичиус.

Се вчитува...