Коронавирусот го откажа и Интернационалниот куп на шампионаите кој од 2013 година се одржува секое лето како подготвителен турнир на најголемите фудбалски клубови. Сето тоа е дополнителен финансиски удар за Барселона и за Реал Мадрид.
„Со оглед на тоа дека се уште не е јасно кога ќе продолжат националните првенства и натпреварите под капата на УЕФА, Интернационалниот куп на шампионите нема да биде одржан ова лето“ – соопштија организаторите.
Турнирот требаше да се организира во август во САД и во Азија. Реал Мадрид и Барселона планираа одигрување и на „Ел Класико“ во Лас Вегас, за што од организаторите требаше да добијат по девет милиони евра, плус и дополнителни девет за учеството на Интернационалниот турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА