Италијанската пливачка Федерика Пелегрини одлучи на продажба да понуди дури 60 предмети од својата кариера, и целокупните средства да ги искористи за набавка на заштитна опрема за болницата во Бергамо која се бори со коронавирусот.
31-годишната олимписка шампионка на 200 метри слободно од Пекинг 2008, и носителка на италијанското знаме на ЛОИ во Рио де Жаниеро 2016, одлучи на продажба, меѓу останатото, да го понуди и пливачкиот костим во кое освои олимписки злато во Пекинг, како и оној со кој стигна до светскиот рекорд на 200 метри слободно на СП во Рим 2009 година.
Продажбата ќе се одржи во вторник од 15:30 до 17:30 часот, преку интернет страницата – www.6enough.eu.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА