Килијан Мбапе од следната година, без сомнение, ќе го носи дресот на Реал Мадрид, тврди поранешниот француски напаѓач Џером Ротен.
Ротен, кој по крајот на кариерата е водител на спортска програма на Радио Монтекарло, и добро упатен во случувањата на европскиот трансфер пазар, тврди дека има информација која вели дека трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е веќе завршена работа, но само малку се одложи поради актуелната ситуација со коронавирусот.
„Сигурни извори од ПСЖ ми кажаа дека трансферот на Мбапе во Реал Мадрид практично веќе е завршен. Сепак, неговата преселба е само малку одложена поради актуелната ситуација. Нема никакви шанси дека ќе го продолжи договорот со ПСЖ. Имаат договор, само прашање на време е кога ќе го објават официјално“ – вели Ротен.
Одложувањето значи дека Мбапе во Реал Мадрид ќе оди од летото 2021 година. Фудбалерот е веќе одлучен да не го продолжува договорот со ПСЖ, а договорот со францускиот шампион му завршува во јуни 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

