Дел Пјеро: Спортот во Европа мора да се промени според американскиот модел, сето тоа да биде само шоу

Алесандро Дел Пјеро предупреди во интервју за „Газета дело спорт“ дека Серија А, по паузата, ќе влезе во непозната територија. Фудбалот воопшто нема да биде ист, но овој прекин ќе послужи како добар импулс за да се преиспита начинот на кој се водат клубовите.

„Нема веќе криење. Сите живееме во време во кое се од темел ќе се промени. Ситуацијата во САД е слична како на онаа во Италија. Прво се потсмеваа на вирусот, а сега имаат криза“ – вели Дел Пјеро.

Сезоната во Италија се очекува да продолжи во втората половина од мај, а клубовите со тренинзи да почнат од 4. мај…

„Не можеме да предвидиме што точно ќе се случува. Не знам искрено што ќе случува, но мора да размислиме добро како од сето ова да излеземе што поорганизирани. Мислам дека ќе мора да се промени количината на пари која се врти во фудбалот. Италијанскиот фудбал мора да се промени согласно американскиот фудбал, каде спортот е шоу. Мора да има ограничувања во висина на средства и спортот да се направи подостапен за народот“ – вели легендата на Јувентус и италијанскиот фудбал.

Се вчитува...