Поради пандемијата на коронавирусот Светската фудбалска федерација (ФИФА) размислува воведување на трет преоден рок оваа година, со што значително би им се олеснало на клубовите.
„Третиот преоден рок ќе биде воведен доколку сегашниот систем на два преодни рока од вкупно 12 недели не биде продолжен. Преодните рокови би биле флексибилни и ќе овозможат поместување на трансфер периодот“ – изјави директор во ФИФА за регулатива, Џејмс Кичинг.
ФИФА претходно објави дека договорите на фудбалерите кои се со важност до 30. јуни ќе се продолжат се до завршување на сезоната, а трансферите да се официјализираат по завршување на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА