Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ќе зема 40% помала плата во Спортинг Лисабон како една од мерките за надминување на финансиските проблеми поради коронавирусот.
По состанокот меѓу раководството и фудбалерите на клубот договорено е играчите да земаат 40% помала плата, додека раководството на клубот ќе зема 50% помали плати.
Ковид-19 го запре португалското првенство, па Спортинг се соочува со огромни финансиски губитоци. Спортинг е прв од водечката тројка клубови во Португалија кој објави ваква одлука, а се очекува слично деновиве да реагираат и Порто и Бенфика.
Португалија е една од земјите кои се сериозно погодени од коронавирусот со околу 17.000 позитивни на Ковид-19, а 504 починати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

