ФИФА: Трансферите нема да почнат на 1.јули, истечените договори нема да ги продолжуваме

Трансфер прозорецот нема да биде отворен на 1.јули објави директорот на правниот сектор на ФИФА, Емилијо Гарсија Риверо. Тој потенцира дека вообичаениот термин за почеток на трансферите ова лето нема да важи, а најавува дека всушност многу веројатно ќе има различни и повеќе трансфер прозорци.

„Ги разгледуваме сите опции и веројатно ќе има повеќе трансфер пероди во зависност од тоа кога ќе продолжат и кога ќе завршат првенствата. Веројатно периодот за трансфери ќе биде по завршувањето на оваа, а пред почетокот на новата сезона“ – вели Риверо.

Тој објаснува дека ФИФА нема да биде во можност да ги продолжува договорите кои истекуваат на 30.јуни. Според  ФИФА играчот чиј договор истекува на овој термин го напушта клубот, но нема да може да потпише договор со нов клуб бидејќи трансфер периодите ќе се променат. Тој објаснува и за играчите кои се на позајмица. Позајмицата истекува на 30.јуни и теоретски играчот треба да се врати во претходниот клуб за кој нема да може да игра затоа што процесот на регистрација ќе биде поместен.

Се вчитува...