Ѕвездата на Дерби Каунти и поранешен капитен на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација, Вејн Руни конечно по 21 месец борба со институциите доби дозвола за паркирање на трактор пред новата вила вредна 20 милиони фунти.
Новиот дом на семејството Руни стана фокус на јавното внимание откако локaлните одбори почнаа да му издаваат забрани поврзани со вилата на неколку спрата во чиј склоп треба да има и фудбалски терен, базен и слични други луксузи кои им паднаа во очи на локалните жители.
Сепак Руни успеа да ја добие битката и по речиси две години има дозвола за да изгради објект во кој ќе го паркира тракторот. Вејн, Kолин и нивните четири сина треба да се преселат наскоро во новиот дом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА