Азар: Сите се плашиме да не се здебелиме во овој период

Белгискиот интернационалец Еден Азар се опоравува по операцијата на ногата и се надева дека ќе успее да го фати и крајот на сезоната во Ла Лига кој сигурно ќе биде продолжен со суспендирањето на шампионатот поради коронавирусот. Со оглед дека на почетокот на летните подготовки дојде на „Сантијаго Бернабеу“ со неколку килограми повеќе и многу лесно ја зголемува килажата, вели дека посебно е внимателен со храната во периодот на самоизолација.

„Сите се плашиме да не се здебелиме во овој период. Седењето дома не е многу пожелно на спортистите, но се обидуваме да вежбаме и да останеме во форма и во домашни услови. Јас сум во рехабилитицациски процес и знам дека не смеам да одам до кујната и да јадам се што ќе дофатам затоа што ми е здодевно. Но, мора да се признае дека и тоа е тешка мисија за реализација“, вели Еден Азар во интервју за белгиските медиуми.

Се вчитува...