Убавата Софија им одговори на злобниците: Не забременив со Лука Јовиќ поради пари!

Српската манекенка Софија Милошевиќ им одговори на злобниците кои ја обвинуваат дека за неа фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, е само уште еден „трофеј со многу пари“. Репрезентативецот на северниот сосед за 60 милиони евра минатото лето се пресели од Ајнтрахт Франкфурт во Реал Мадрид, има договор до 2025 година и заработува 10 милиони евра по сезона.

„Краставиците алудираат на мојата бременост? Јас сум малку зла по природа…а, што ако дојде до спонтан абортус. Грдото пајче ја пласираше веста токму во вистински момент, но се гледа дека секако солидно, многу повеќе од пристојно финансиски се обезбеди. Но, како што реков, никогаш не се знае. Не знам кој профил на жена може вакво нешто да напише, ниедна мајка не раѓа дете за финансиски да се обезбеди. Јадници“, одговори Софија Милошевиќ на прозивките кон неа.

Лука Јовиќ го прекрши задолжителниот карантин и се врати од Мадрид откако дозна дека неговата партнерка е бремена. Тој има и едногодишен син Давид од бракот со Анџела Маниташевиќ.

 

Се вчитува...