Марко Матераци, и покрај блескавата кариера, за многумина ќе остане познат како фудбалерот поради кој Зинедин Зидан ја заврши својата кариера на неславен начин.
Но, Матераци е познато и по уште многу скандали кои ја одбележаа неговата кариера. Еден од нив се случи во 2010 година кога имаше физичка пресметка со Марио Балотели, кој по тој инцидент си замина од Интер. Матерација, по долго време, повторно се одлучи да прокоментира за тој инцидент истакнувајќи, за првпат, дека добро го претепал Балотели.
„Се започна кога во полуфиналето од ЛШ против Барселона, Балотели го соблече дресот на Интер и го фрли. Тоа навистина ме налути и убаво го претепав во соблекувалната тој ден. Го сакам Марио, но тоа го заслужи тогаш. Не зборувавме одреден период но потоа повторно бевме се зближивме и останавме пријатели. Да се фрли дрес на клубот е непростливо. И во автобусот пред мечот постојано зборуваше дека ќе игра лошо на мечот, а јас му ветив дека ќе плати ако го направи тоа“ – раскажува Матераци и дополнува:
„Се сеќавам кога влезе од клупата и од половина терен почна да шутира. Милито беше навистина лут на него. По тој меч, на еден тренинг барав од Мурињо да не стави со Балотели во ист тим, а по само неколку секунди игра го исфрлив од мојот и го пратив во соблекувалната. Потоа го средивме нашиот однос и денес сме како браќа. Тој знае дека тогаш погрешил“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

