Аргентинскиот фудбалер Езекиел Лавеци во декември ја заврши кариерата на 34-годишна возраст, а изолацијата поради пандемијата од коронавирусот ја минува на прекрасен начин. Со девојката Наталија Боргес уживаат осамени на еден мал остров на Карибите. И не би била оваа вест на насловните страници доколку Наталија во минатото не била девојка на Лоренцо Тонети, најдобриот другар на Почо Лавеци.
„Уморна сум веќе да објаснувам, две години не сме заедно со Лоренцо и имам право да бидам заљубена и да го живеам животот. Почо е прекрасен“, изјави бразилскиот модел Наталија Боргес.
Езекиел Лавеци стави крај на врската со Јанина Скрепанте откако се заљуби во Наталија Боргес.
„Го лажеше најдобриот другар во лице, ме изневери, тој дефинитивно не ме заслужува. Кармата ќе ги стигне“, порача Јанина во интервју за аргентински таблоид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА