Нереално е Летните олимписки игри во Токио да се одржат во 2021 година, доколку не биде пронајдена вакцина за коронавирусот, велат од Светската здравствена организација.
„Доколку се пронајде вакцина за ковид-19 верувајте дека ЛОИ во Токио ќе се одржат во 2021 година, но доколку не биде се уште направена, нереално е игрите да бидат на програмата“, велат од СЗО.
Игрите кои на програмата требаше да бидат летово, поради пандемијата од Ковид-19 се одложени за следната година во периодот од 23. јули до 8. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА